ноември 21, 2024

Грчките болници се борат со сериозен недостиг на медицински персонал

Некои јавни здравствени установи во руралните средини работат со повеќе од 50 отсто непополнети работни места, пишува весникот „Катимерини“, повикувајќи се на податоци на Панхеленската федерација на медицински персонал (ПАСОНОП).

Грчките јавни болници се борат со сериозен недостиг на персонал, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Некои јавни здравствени установи во руралните средини работат со повеќе од 50 отсто непополнети работни места, пишува весникот „Катимерини“, повикувајќи се на податоци на Панхеленската федерација на медицински персонал (ПАСОНОП).

Според тоа, болниците на островот Сирос се соочуваат со над 54 отсто слободни работни места за медицински сестри, додека болницата на островот Родос има повеќе од половина слободни работни места.

Напоменувајќи дека ситуацијата го загрозува квалитетот на здравствените услуги, особено во оддалечените и островските региони, ПАСОНОП во писмо до Министерството за здравство предупреди за колапс на јавниот здравствен систем.

ПАСОНОП повика на итни мерки, вклучително и пополнување на слободните работни места, подобрување на платите за ноќна смена и давање приоритет на прераспоредување во области со недостаток на персонал.

Потсетувајќи дека Министерството за здравство понудило стимулации за привлекување лекари во руралните болници, вклучително и значителни бонуси, останува неизвесно дали таквите мерки ќе привлечат доволно интерес за да се ублажи кризата.

AA

Read Previous

Муцунски со амбасадорите Филипиду и Вард: во фокусот безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот

Read Next

СДСМ поднесува 200 амандмани, велат предлог буџетот за 2025 бил неразвоен и недомаќинки