ноември 23, 2024

Муцунски со амбасадорите Филипиду и Вард: во фокусот безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Ирска за Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Брендан Вард.

На средбата со амбасадорката Филипиду уште еднаш беше потврден заемниот интерес за негување на добрососедските односи, со акцент на важноста од одржување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот преку негово целосно интегрирање во Европската Унија. Дополнително, беа реафирмирани заложбите што двајцата министри ги истакнаа на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, особено во делот на унапредување на соработката во одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата и туризмот, со посебен акцент на економската соработка.

На средбата со амбасадорот Вард, беа поздравени пријателските односи и взаемните заложби за интензивирање на политичкиот дијалог, како и на економската и секторската соработка. Во оваа прилика, министерот Муцунски изрази благодарност до ирската страна за безрезервната поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, и ја изрази својата надеж дека земјата наскоро ќе ги започне пристапните преговори за членство во Унијата.

ZOOM

Read Previous

Сиљановска оствари средба со Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Read Next

Грчките болници се борат со сериозен недостиг на медицински персонал