ноември 21, 2024

Реализиран состанок на секторската работна група за реформа на јавната администрација

Министерот Минчев се осврна на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, која има цел да создаде деполитизирана и професионална администрација што ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе овозможи стабилност и доверба во институциите.

Министерството за јавна администрација на Република Македонија денес го одржа состанокот на Секторската работна група за реформа на јавната администрација, на кој се разгледаа досегашните постигнувања и идните чекори за модернизирање на администрацијата како дел од европските интеграциски процеси на земјата.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека реформата на јавната администрација е еден од клучните приоритети на Владата, неопходен за остварување на транспарентност, ефикасност и одговорност на институциите.

Во своето обраќање, тој нагласи дека реформите не се само административни мерки, туку реални чекори за подобрување на услугите кои администрацијата ги обезбедува за граѓаните и за бизнис заедницата.

На состанокот, Министерот Минчев се осврна на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, која има цел да создаде деполитизирана и професионална администрација што ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе овозможи стабилност и доверба во институциите.

Тој го истакна усвојувањето на Националниот план за управување со квалитет за периодот 2023-2026, како и напредокот во изготвувањето на новите законски решенија кои обезбедуваат правна основа за поефикасно функционирање на администрацијата.

На состанокот присуствуваа претставници на Европската делегација, јавниот, приватниот и невладиниот сектор, при што шефот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин, ја потенцираше важноста на поддршката што Европската унија ја дава на Република Македонија во овој процес.

На крајот, Министерот Минчев се заблагодари на претставниците од Европската делегација за континуираната поддршка и на сите претставници на работната група за нивната посветеност, истакнувајќи дека успешната реформа на јавната администрација е клучен чекор кон приближување на земјата кон членство во ЕУ и постигнување на подобар квалитет на живот за сите граѓани на нашата држава.




Kurir

Read Previous

Франција решена, ќе организира фудбал со Израел ама со 2.000 полицајци

Read Next

Дизелот драстично поскапува, ова се новите цени на горивата