ноември 21, 2024

Франција решена, ќе организира фудбал со Израел ама со 2.000 полицајци

Во Амстердам во четвртокот вечер гостуваше израелски Макаби Тел Авив. Навивачите на израелскиот тим симнувале палестински знамиња по локалните имоти а муслиманите, во прв ред Мароканците кои живеат во градот подоцна ги бркале и тепале низ целиот центар.

Сега после овие нереди во Амстердам, се поставува прашањето како репрезентацијата на Израел следната недела ќе гостува во Лига на Нации во Франција.

„Франција нема да се повлече од организирање на натпреварот затоа што тоа би значело повлекување пред заканите со насилство и антисемитизмот“, пишал францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретаиле на мрежата Х. Во вторникот на мечот меѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид, домашните навивачи извадија големо прекривно знаме со натпис „Ослободете ја Палестина“. Французите планираат да го обезбедат мечот Франција – Израел во четврток на 14-ти ноември со најмалку 2.000 полицајци.



off.net.mk

Read Previous

Николоски: Во Штип се гради како никогаш до сега

Read Next

Реализиран состанок на секторската работна група за реформа на јавната администрација