ноември 22, 2024

Меџити: Предвремени избори се губење време, постабилна Влада од оваа немало никогаш

Вицепремиерот Изет Меџити одговори на прашањето дали се потребни предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

„Од 90-тите години немало постабилна влада, и поголемо мнозинство од ова, и тоа расте. Сигурно за кратко време од 78, ќе достигне и 80 пратеници. Тоа е две третини од Собранието, и доволно за коментар“, рече Меџити.

Тој кажа дека изјавата за предвремени избори Мицкоски ја дал како дебата во Собранието.

„Нема потреба од губење време за нови избори. Тоа ќе влијае негативно и на економијата. Нема да бидат среќни тие што сакаат да работат, бизнисот во оваа држава“, потенцираше Меџити.



TV21

Read Previous

Филипче: Подготвени сме за избори веднаш

Read Next

Турскиот претседател Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини против израелскиот геноцид во Газа