ноември 2, 2024

Бројот на загинати во несреќата во Нови Сад се зголеми на 14

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека во досегашниот увид од урнатините се извлечени 14 тела на починати.

Според последните информации, пронајдени се телата на најмалку 14 лица по денешното уривање на дел од зградата на железничката станица во Нови Сад, Србија, јавува Анадолу.

Информацијата ја потврдија од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

„Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека во досегашниот увид од урнатините се извлечени 14 тела на починати, од кои идентификувани се две женски лица – А.Р.(2004) и А.Ќ.С. (1989), и пет машки лица – Х.С. (1997), М.М (2003), Ш.Џ (1947), Р.В (1955) и С.В (1979)“, се наведува во соопштението.

Поради здобиени повреди, во Клиничкиот центар во Војводина се примени три лица чиј идентитет сѐ уште не е утврден, а се работи за две женски и едно машко лице.

Од Обвинителството наведуваат дека ги преземаат сите мерки и дејствија согласно законот, за утврдување на постоење елементи на кривично дело и одговорност, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Денес околу пладне во Нови Сад се случи несреќа кога се урна настрешницата на влезот во објектот на железничката станица.

AA

Read Previous

Али Ахмети ја прифати идејата на Мицкоски за заеднички избори во 2025 година

Read Next

СДСМ: Обвинителството да го истражи и стажот на директорот на АНБ