За време на активностите за извидување и набљудување со беспилотно летало на Командата на Турските поморски сили, Грчката крајбрежна стража беше забележана како остава брод со нерегуларни мигранти
Туркије спаси нерегуларни мигранти на брод оставен од Грчката крајбрежна стража, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.
За време на активностите за извидување и набљудување со беспилотно летало на Командата на Турските поморски сили на 29 октомври, Грчката крајбрежна стража беше забележана како остава брод со нерегуларни мигранти источно од грчкиот остров Самос, истакна Министерството на платформата X.
Се додава дека нерегуларните мигранти се спасени со брод на Командата на Турската крајбрежна стража.
AA