ноември 21, 2024

ДУИ: Мицкоски да ги објави СМС-пораките денес

„Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицкоски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС пораки што наводно ги примил од високи функционери од редовите на Демократската унија за интеграција. Сите ние во ДУИ бараме Мицкоски да ги објави тие СМС-пораки денеска, веднаш, без одлагање“, велат од ДУИ.

„Премиерот на Владата без етнички легитимитет, во недостиг на аргументи и проекти, но и во меѓународна изолација, фатен во тесно во Собранието, измислува за да излезе од секојдневните срамни ситуации.

Се што беше кажано од оваа власт беше демантирано, се, без исклучок.

Станот во Бутел со вооружени луѓе, неговиот завет дека никогаш нема да ги признае уставното име и договорот од Преспа, дестабилизацијата во септември, „епскиот криминал“ со Коридорот 8, дури и купувањето парцели на патот Скопје-Блаце, укинувањето на 78% покачување на платите на функционерите и се останато се покажа како измама.

Исто и „смс“ пораките од ДУИ упатени до Мицкоски се лага.

ДУИ се залага за европска Македонија, со неселективно владеење на правото, етничка еднаквост и добрососедство, приоритети кои за жал, Владата без етнички легитимитет не ги дели, туку напротив не оддалечува од Европа како и од добри меѓу етничките и меѓусоседските односи“, соопшти ДУИ.




ZOOM

Read Previous

МОН го објави конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година

Read Next

Туркије спаси нерегуларни мигранти на брод оставен од грчките сили