Денеска е Светскиот ден на борба против мозочниот удар. Овој ден беше воспоставен во 2004 година.
Годишно во светот 12 милиони луѓе доживуваат мозочен удар.
Мозочниот удар и натаму е една од главните причини на траен хендикеп и смрт кај возрасните.
Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), објавени 2020 година, смртните случаи од мозочен удар во Македонија достигнале 5.521, или 24,02 отсто од вкупните смртни случаи. Тоа е еднакво на 165 на 100.000 жители. Превенцијата и брзата интервенција се клучни за зачувување и продолжување на животот на пацинетите кои ќе доживеат мозочен удар.
TV21