Им придаваме големо значење на зголемувањето на обемот на билатералната трговија и на зајакнувањето на нашите области на соработка, особено во одбранбената индустрија, со Северна Македонија, каде што нашите компании се меѓу важните групи инвеститори
Министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, се сретна со министерот за економија и труд на Република Северна Македонија, Бесар Дурмиши, како и со делегацијата што го придружуваше. Министерот Болат истакна дека ги оцениле областите на соработка, особено во одбранбената индустрија, известува Анадолу.
Во објавата на својот профил на социјалните мрежи турскиот министер Болат информираше за средбата што ја имал во Министерството со министерот на Северна Македонија, Дурмиши, како и со неговата делегација.
Наведувајќи дека на средбата разговарале за економските и трговските односи меѓу двете земји и за чекорите што треба да се преземат во иднина, Болат наведе:
„Како Туркије му придаваме големо значење на зголемувањето на обемот на билатералната трговија со Северна Македонија, каде што нашите компании се меѓу значајните групи инвеститори и со кои сме седми најголем трговски партнер, како и на зајакнувањето на нашите области на соработка, првенствено на полето на одбранбената индустрија. Се надевам дека средбата што се одржа денес ќе придонесе за продлабочување на нашата билатерална соработка и во исто време среќен сум што сум им домаќин на почитуваниот министер и неговата делегација, кои се наши гости на овој величествен ден кога ја славиме 101-годишнината од нашата Република.“
AA