ноември 23, 2024

Нема повеќе летање од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм – „Визер“ ги укина летовите

Нема повеќе летови од Скопеј до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста. Унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ ги укина овие дестинации.

На сајтот на компанијата ги нема повеќе овие дестинации со почетокот на зимскиот распоред на летање, и не може да се купат билети. Засега нема информации дали се укинати само периодично, или трајно.

Летото до Келн се укинува поради високите давачки за услуги од страна на германските власти. Меѓутоа авиокомпанијата ќе ги зголеми летовите од и до Дортмунд така во ноември и декември ќе има летови шест пати неделно, а околу Нова година ќе се лета секој ден до оваа дестинација.

Оние кои летаа до Копенхаген, сега ќе може да го користат аеродромот во Малме, кој е многу блиску до главниот град на Данска.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски пред неколку дена кажа дека со субвенции од Владата догодина се воведуваат нови четири авиолинии од Скопскиот аеродром. Унгарската „Визер“ доби субвенции за Барселона, Лион и Штутгарт и летовите ќе почнат од 30 јуни, додека „Флај Дубаи“ од март го враќа летот до Дубаи.



TV21

Read Previous

Николовски на средба со Димовски: Ги унапредуваме царинските процеси со цел зајакнување на економската безбедност 

Read Next

ДОМ: Владата да не го одолговлекува чистењето на линданот