ноември 23, 2024

Лице од Косово криумчело мигранти низ Македонија

Денеска (26.10.2024) во 01.15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на с.Богородица сопреле патничко возило „сеат алтеа“ со косовски национални ознаки, управувано од З.М.(36) од Косово.

При тоа, во возилото пронајдени се осум лица илегални мигранти, од кои седум од Сирија и едно лице од Египет.

Заедно со возилото „сеат алтеа“ се движело и патничко возило „ауди“ без регистарски таблици, кое не застанало на дадениот знак од полициските службеници, туку се оддалечило од местото на настанот, а по кратко време од него излегле осум лица илегални мигранти, од кои шест од Кувајт и двајца од Сирија, а возачот се дал во бегство.

З.М. е лишен од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.



TV21

Read Previous

ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње

Read Next

Кузеска: Измама која ги штити трговците е намалувањето на маржите