Турција, преку своето амбасадорство во Скопје, ќе организира „Турски филмски денови“ во Скопје и во Штип.
Во објавата на Турската амбасада се наведува:
„Во рамките на прославите на 29 Октомври, Денот на Републиката, нашето Одделение за култура и промоција ќе организира проекции на филмови под темата Турски филмски денови од 28 до 31 Октомври 2024 година во Скопје и Штип.
На проекциите се покануваат сите љубители на филмот.“