„Двајца терористи, жена и маж се неутрализирани“, информираше Министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликајa
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја информираше дека во денешниот терористички напад врз комплексот на турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во главниот град Анкара, се убиени 4 лица, а 14 се ранети, известува Анадолу.
Тој потврди и дека се неутрализирани двајца терористи.
Јерликаја го посети местото на нападот и на новинарите им изјави дека нападот се случил во 15:26 часот по локално време.
Тој истракна дека на местото на нападот веднаш пристигнале безбедносните сили.
„Неутрализирани се двајца терористи, жена и маж. За жал, имаме 4 загинати и 14 ранети. Меѓу ранетите, тројца се во тешка состојба“, изјави турскиот министер.
Истакнувајќи дека го осудува тероризмот, министерот Јерликаја изрази сочувство до турскиот народ, а на ранетите им посака брзо закрепнување.
„Работиме на идентификација на терористите. Штом се дознае нивниот идентитет, ќе ја споделиме со вас информации за која терористичка организација станува збор“, рече Јерликаја.
AA