Последниот викенд од месецот, ноќта меѓу сабота 26 октомври и недела 27 октомври, во три часот по полноќ, стрелките ќе ги поместиме еден час наназад и ќе прејдеме на зимско сметање на времето. Ќе спиеме еден час повеќе.
Уште во 2018 година, Европската унија предложи укинување на поместувањето на часовникот, но земјите-членки сè уште не успеаја да се договорат за ова прашање. Во март минатата година беше претставена нова иницијатива на европските претставници за укинување на движењето на часовникот, но сè уште нема напредок. Ќе го поместиме
часовникот уште најмалку две години бидејќи Европската комисија го објави летното сметање на времето до 2026 година во Службен весник на ЕУ.
Во 2018 година се одржа јавна консултација на ниво на ЕУ на која учествуваа 4,6 милиони граѓани. За укинување на поместување на стрелките на часовникот се изјасниле дури 84 отсто од учесниците.
Европската комисија одлуката за тоа кој период да се избере како постојан им ја препушти на членките. Земјите не се усогласија бидејќи некои членки се залагаат за постојано летно сметање на времето, додека други го поддржуваат зимското сметање на времето.
TV21