ноември 22, 2024

Нови цени во Агенцијата за катастар: Популарните услуги сега се намалени за 75%


Од денес, новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности стапуваат на сила. Минатата недела, во Службен весник, беа објавени измените на тарифниците, со кои цените на најпопуларните услуги на Агенцијата се намалуваат дури за 75%.

Досега, при купопродажба на стан и паркинг простор, граѓаните плаќаа 5.000 денари за четири имотни листови. Со новите промени, цената за истата услуга ќе изнесува само 1.250 денари, без разлика на бројот на имотни листови во една катастарска општина. Ова значи намалување за целите 75%.

Исто така, намалувањето се однесува и на наследните решенија и договорите за дар, кои сега ќе се наплаќаат по правен основ за 1.250 денари, а не за секој имотен лист по 1.250 денари, како што беше досега.

Оваа новина, која заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ја најавивме пред два месеци, од денес стапува на сила. Со тоа ги исполнуваме нашите ветувања за пониски цени на многу услуги на Агенцијата, потврдувајќи дека граѓаните и Македонија се наш приоритет. Благодарност до Владата за поддршката и прифаќањето на нашиот предлог, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.

Тој истакна дека со ова намалување се завршува процесот на кој активно се работеше во изминатите два месеца. Во следниот период, фокусот ќе биде на дигитализацијата на катастарот, со цел услугите да бидат уште подостапни за граѓаните и правните лица.



TV21

Read Previous

Терористички напад врз ТУСАШ во Туркије: 4 загинати, 3 се во тешка состојба

Read Next

Нарко босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска: Колку му платил нарко босот Барон на ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од СДСМ