Во име на пратениците во Собранието и во негово лично име, претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка по повод 23 Октомври ‒ Денот на Македонската револуционерна борба.
Како што наведува во честитката, со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, се создадени основите на организираната борба за слобода и за независност. Континуираната борба и непокор низ децениите што следеа резултираше со создавање држава, во која денешните генерации ги живеат плодовите на самостојноста и на демократијата.
„Денешната генерација во нашата држава се соочува со поинакви искушенија и е исправена пред други цели. Наша стратешка цел сега е полноправното членството во ЕУ и понатамошното етаблирање во НАТО како рамноправна земја – членка.
Предизвик за нашата генерација е постојано да ги унапредуваме демократските процеси, стандардите во здравството, образованието и во науката, владеењето на правото, економските и социјални текови и рамноправноста меѓу граѓаните, без разлика на национална, верска, родова или политичка припадност.
Значајните датуми од историјата на нашите народи се наш потсетник дека треба да дејствуваме сплотено во градење современа и просперитетна држава.
Ви посакувам пријатен празничен ден“, се додава во честитката.
ZOOM