ноември 22, 2024

Мисајловски во Турција, средба со министерот Гулер и посета на меѓународниот саем за одбрана – SAHA EXPO 2024


Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска и утре ќе ја предводат македонската делегација на 4. меѓународен саем за одбрана – SAHA EXPO 2024, кој се одржува во Истанбул, Турција.

За време на посетата на Република Турција, министерот Мисајловски ќе оствари средба со неговиот колега и домаќин министерот за национална одбрана, Јашар Гулер.

Денес и утре македонската делегација ќе оствари средби со претставници на турски компании од наменско производство и ќе има можност да се запознае со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето за одбраната.

ZOOM

Read Previous

Пад на цените на половните возила во Германија, Македонија на пат на рекорден увоз

Read Next

Земјите од Западен Балкан стануваат сѐ попривлечни за имплементирање на новите инвестициски трендови