ноември 22, 2024

Пад на цените на половните возила во Германија, Македонија на пат на рекорден увоз


Просечната цена на употребуваните автомобили во Германија во септември оваа година падна за околу 300 евра, достигнувајќи 26.487 евра, што е најниско ниво од јануари 2022 година, кога просекот беше 26.252 евра, покажуваат податоците на германскиот пребарувач „Аутоскаут24“ (AutoScout24).

Во изминатата година, цените на половните автомобили на германскиот пазар се намалени за повеќе од пет проценти, односно за 1.397 евра. Од март 2023 година, кога цените достигнаа свој врв, тие се намалени за повеќе од девет проценти.

И покрај овој пад, цените на употребуваните возила сè уште се за 27 проценти повисоки во споредба со јануари 2020 година, пред почетокот на пандемијата, пишува Блумберг.

TV21

Read Previous

Муцунски: Новиот закон за надворешни работи ќе ја зајакне економската дипломатија и привлекувањето инвестиции

Read Next

Мисајловски во Турција, средба со министерот Гулер и посета на меѓународниот саем за одбрана – SAHA EXPO 2024