ноември 22, 2024

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити


Растот на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.

Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства. соопшти Народна банка.

Вкупните кредити, во септември бележат месечен раст од 0,4%, којшто во целост се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“.

Во септември, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа месечен пад од 0,5%. Надолната промена пред сè е резултат на пониските краткорочни депозити во странска валута и во денари, во услови на раст на депозитните пари и долгорочните депозити. На годишна основа е забележан раст од 4,7%, во поголем дел поради зголемените депозитни пари, при раст и на долгорочните депозити во странска валута и во денари и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат намалување. 

‒ Кредитите на корпоративниот сектор5 , во септември остварија минимално месечно намалување од 0,1% што во целост e резултат на падот на кредитирањето во странска валута, при раст на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор бележат раст од 7,5%, којшто произлегува од зголеменото кредитирање во денари, при пад на кредитите во странска валута.

TV21

Read Previous

Филипче: Предложивме закон, минималната плата да биде 27.000 денари

Read Next

Андоновски: Новиот патриотизам значи модернизација на државата