Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, присуствува на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во Берлин, Германија.
На состанокот ќе учествуваат и Канцеларот на Германија, Олаф Шолц, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кои ќе одржат заедничка прес-конференција.
Традиционално, учесници на состанокот се шесте земји од Западен Балкан, како и поддржувачите од Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, и од 2019 година, Грција и Бугарија. Тука се и представници на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).
Планирани се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски.
TV21