ноември 22, 2024

Вучиќ: Гробот на Тито останува во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека гробот на Јосип Броз Тито нема да биде преместен од „Куќата на цвеќето“ во Белград.

„Јосип Броз е дел од нашата историја. Тука живеел, тука е погребан и ќе остане дел од југословенската и српската историја“, изјави Вучиќ.

Неговиот партиски колега Александар Шапиќ, функционер на Српската напредна партија (СНС) и градоначалник на Белград, претходно изјави дека ќе иницира преместување на гробот на Јосип Броз Тито.

„Тоа е исклучително важна работа за српскиот народ и иднината на земјата“, рече Шапиќ.

Тој предложи Тито, чиј гроб се наоѓа во Куќата на цвеќето во комплексот на Музејот на Југославија, да биде префрлен во неговото родно место Кумровец во Хрватска.

Јосип Броз Тито беше командант на југословенската партизанска армија во Втората светска војна, претседател на Сојузот на комунистите на Југославија и доживотен маршал и претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Јосип Броз почина на 4 мај 1980 година, а земјата чиј неприкосновен лидер беше се распадна во војната на почетокот на деведесеттите.




TV21

Read Previous

Николоски: Крупни инфраструктурни проекти се реализираат во Македонија

Read Next

Земјотресот од Македонија почувствуван и во соседството!