ноември 22, 2024

Турскиот претседател Ердоган: „Израел повторно извршува напади како терористичка група“

 „Меѓународната заедница, особено западните земји, треба да престанат да ги гледаат овие злосторнички дејствија на Израел и да преземат чекори на застрашување“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Република Туркије,Реџеп Таип Ердоган, информирајќи дека ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации на 24 септември, истакна: „Се надевам дека овде ќе ги споделиме нашите мислења за прашањата од агендата на нашиот регион и човештвото. Ќе се осврнам на заеднички чекори што можат да се преземат, особено против геноцидот во Газа и агресивната политика на Израел“, известува Анадолу.

Претседателот Ердоган одржа прес-конференцијата на аеродромот Ататурк пред неговото заминување за САД каде ќе учествува на 79. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).

Претседателот Ердоган рече дека во своето бораќање ќе се осврне на потребата од реформи во механизмот на глобалното управување, особено на Советот за безбедност на ОН и меѓународната финансиска архитектура, додавајќи дека особено внимание ќе им посвети на заедничките чекори што можат да се преземат против геноцидот во Газа и агресивната политика на Израел.

„Нетанјаху и неговата мрежа прибегнуваат кон секакви провокации за да ја спроведат својата радикална ционистичка идеологија“, посочи претседателот на Туркије.

Ердоган рече дека нападите против Либан во последните денови ја оправдале нивната загриженост за плановите на израелската администрација да ја прошири војната во регионот.

Коментирајќи ја експлозијата на пејџери и воки-токи (уреди за безжична комуникација) во Либан, претседателот Ердоган истакна:

„Израел за жал уште еднаш покажа дека не настапува како држава, туку како терористичка организација. Со овој напад Израел покажа дека нема цивилна чувствителност и дека може да користи секакви средства за да ги постигне своите цели од омраза“.

Претседателот Ердоган посочи дека регионот во моментов се соочува со „необјасниво огромна криза“ и додаде:

„Меѓународната заедница, особено западните земји, треба да престанат да ги гледаат овие злосторнички дејствија на Израел и да преземат чекори на одвраќање“.

Претседателот Ердоган соопшти дека неговото обраќање на 79. Генерално собрание на ОН ќе се случи првиот ден од разговорите, на 24 септември, во вторник.




AA

Read Previous

Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври

Read Next

Земјотрес во Бугарија, бил почувствуван и во Македонија