ноември 21, 2024

Бугарија негира поврзаност со експлозијата на пејџери во Либан и во Сирија

Уредите што експлодираа на 17 септември не биле поврзани со бугарски увоз, извоз или производство, објави бугарската новинска агенција БТА.

Бугарската контраразузнавачка агенција ДАНС не најде никаква поврзаност меѓу Бугарија и неодамнешните експлозии на уреди за безжична комуникација во Либан и во Сирија, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

„Уредите што експлодираа на 17 септември не се поврзани со бугарскиот увоз, извоз или производство“, објави бугарската новинска агенција БТА.

Во унгарските медиуми излегоа информации дека компанијата „Норта Глобал“ д.о.о. со седиште во Софија ја овозможила продажбата на пејџери на Хезболах.

ДАНС ги отфрли овие тврдења наведувајќи дека компанијата „Норта Глобал“ д.о.о. не била вклучена во какви било финансиски операции поврзани со финансирање тероризам, трговија со поединци или ентитети што се под санкции на Обединетите нации или Европската Унија.

Агенцијата потврди и дека ниедна комуникациска опрема поврзана со експлозиите не поминала низ бугарската царина.

Експлозии на пејџери и радиоуреди за безжична комуникација (воки-токи) се случија во различни делови на Либан во вторникот и во средата. Во експлозиите загинаа 37 луѓе, а неколку илјади беа повредени.

Либанската Влада го обвини Израел дека го извршил нападот, а Хезболах вети одмазда.




AA

Read Previous

Град Скопје: Објавени јавни повици за финансирање проекти и активности од областа на средното образование и за младите

Read Next

Просечната нето плата во јули изнесува 40.961 денар