Германија во вторникот депортирала 36 лица во Србија и во Македонија, главно лица чие барање за политички азил е одбиено, а меѓу нив има и осудени криминалц.
Првиот чартер, како дел од најновата депортациска офанзива на германската влада, полетал пред две недели за Авганистан, додека пак вториот чартер, кој полетал во вторникот (17 септември) од Хамбург, носел патници од Белград и Скопје.
Според извештајот на весникот „Билд“, во него се наоѓале 36 лица, главно државјани на Србија и Косово, на кои им било одбиено правото на азил или кои, поради некоја друга причина, немале право да останат во Германија.
Летот на полската компанија Ентер Ер бил изнајмен од најсеверната германска сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн, по што се претпоставува дека депортираните се регистрирани во оваа покраина.
Во првата половина од 2024, во Северна Македонија биле вратени 774 македонски државјани.
TV21