ноември 23, 2024

Експлозија пред продавница во Келн, Германија

Полицијата не објави информации во врска со експлозијата што се случила на улицата Ехрен околу 5:00 часот во Келн, а локалното население изјавило дека полесно е повреден случаен минувач на околу 40 години.

Едно лице е полесно повредено од експлозија што се случи пред продавница за облека во Келн, Германија, известува Анадолу.

Полицијата не објави информации во врска со експлозијата што се случила на улицата Ехрен околу 5:00 часот во Келн, а локалното население изјавило дека полесно е повреден случаен минувач на околу 40 години.

Експлозијата предизвика поголема материјална штета во продавницата.

Слична експлозија во Келн се случи на 16 септември во која беше повредена чистачка која работеше во турски објект за забава.

На снимката од безбедносните камери на зградата во врска со тој настан што се случи околу 6:00 часот на улицата Хоенцолернринг, се гледа како едно лице остава кеса и кутија пред влезот од објектот и се оддалечува, а експлозијата се случила веднаш потоа.

Полицијата започна истрага за инцидентот. Се трага по осомничениот чии фотографии се објавени. Полицијата побара помош од населението.





AA

Read Previous

Министерот Муцунски во работна посета на Брисел

Read Next

Сиљановска го прими регионалниот директор на Меѓународната организација за миграција за Европа и Централна Азија, Алексоски