ноември 24, 2024

СДСМ: Парите од унгарскиот кредит всушност се кинески, тоа го потврдија и реномирани меѓународни медиуми

„Од ден во ден станува се појасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат во скратена постапка да го донесат овој закон. Вчерашните инфомрации во медиумите од истражувањата на реномирани меѓународни медиуми, потврдуваат дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески. Па го прашуваме Мицкоски, зошто ја лажеше јавноста за ова?“, прашуваат од СДСМ.

„Зошто крие кое е потеклото на парите? Зошто крие дека Унгарија всушност се задолжува по понеповилни услови кај Кина за парите кои нас ни ги дава? Тоа е јасен сигнал дека тука има политички интерес.

Покрај ова, законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници. Не се предвидени јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите.

Јасно е дека со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.

Очигледно власта сака да ја сокрие корупцијата и политичките интереси кои се основа на овој закон. 

Без дебата, без информирање на граѓаните, набрзина да го истуркаат скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција по скратена постапка.

Мицкоски на овој начин си испиша корупција на чело.“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.





TV21

Read Previous

Ердоган во Истанбул се состана со претседавачот со Претседателството на БиХ, Беќировиќ

Read Next

Сиљановска на прва средба со Радев: Решението е на дофат, ако имаме волја да се разбереме