ноември 21, 2024

Ердоган во Истанбул се состана со претседавачот со Претседателството на БиХ, Беќировиќ

Пред средбата, која се одржа зад затворени врати во претседателскиот кабинет во палатата Долмабахче, Беќировиќ беше пречекан со официјална церемонија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул одржа состанок со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, јавува Анадолу.

Пред средбата, која се одржа зад затворени врати во претседателскиот кабинет во палатата Долмабахче, Беќировиќ беше пречекан со официјална церемонија.

Не се објавени детали од средбата.

Туркије и Босна и Херцеговина негуваат долгогодишни добри односи, делумно врз основа на заедничките културни и историски врски.





AA

Read Previous

На граничните премини „Блато“ и „Џепиште“ за осум месеци минале над 586 илјади патници

Read Next

СДСМ: Парите од унгарскиот кредит всушност се кинески, тоа го потврдија и реномирани меѓународни медиуми