ноември 22, 2024

Kонференција „Иднината на Европа и Балканот“ се одржа вчера во Скопје

Талат Џафери, поранешниот претседател на Собранието на Северна Македонија, истакна дека конференцијата била продуктивна со своите тематики за иднината на Европа и на Балканот.

Конференцијата „Иднината на Европа и Балканот“ се одржа во Скопје, известува Анадолу.

Организатор на Конференцијата беше Сојузот на турските невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ).

Модератор на конференцијата беше пратеникот во парламентот на Северна Македонија, Салих Мурат, а свои обраќања имаа поранешниот претседател на Големото национално собрание на Туркије, Мустафа Шентоп, поранешниот претседател на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери и претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим.

Шентоп обраќајќи им се на учесниците на конференцијата истакна:

„Ние сме деца на оваа земја и затоа нашите срца се секогаш тука и доаѓаме тука секогаш кога за тоа имаме можност“.

Осврнувајќи се на руско-украинската војна и на нападите на Израел врз Појасот Газа, Шентоп рече дека на Блискиот исток има сериозна тензија.

– „Шентоп, постојан пријател на Северна Македонија“

Пратеникот Мурат во својот говор истакна:

„Среќен сум што сум заедно со Шентоп, постојаниот пријател на Северна Македонија.“

Талат Џафери истакна дека конференцијата била продуктивна со своите тематики за иднината на Европа и на Балканот.

Свое обраќање имаше и Тахсин Ибрахим, претседателот на МАТУСИТЕБ. Зборувајќи дека на конференцијата се разговарало за иднината на Европа и на Балканот, Ибрахим посочи дека во Северна Македонија на илјадници ученици им е узурпирано правото да се школуваат на својот мајчин јазик.

На панелот учество зедоа и претставници на амбасадата на Туркије во Скопје и претставници на турските институции и организации во Северна Македонија.




АА

Read Previous

Радев пред средбата со Силјановска-Давкова: Очекуваме Република Северна Македонија да ги исполни сите обврски што ги има прифатено пред нас, пред ЕУ и сите партнери

Read Next

Ќе се преслушува снимката од комуникацијата меѓу пилотите и контролорите за избегнатиот судир на два авиони на небото над Скопје