ноември 22, 2024

Турскиот министер за надворешни работи ја истакна важноста на стратешката соработка со Узбекистан

„Постои голема волја од нашите лидери за институционализирање на соработката и нејзино унапредување“, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, повикувајќи на засилена соработка за справување со современите предизвици.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја истакна важноста од зајакнување и институционализирање на стратешката соработка меѓу Туркије и Узбекистан за време на денешниот состанок со неговиот узбекистански колега, Бахтијор Саидов, во Ташкент, јавува Анадолу.

Фидан го нагласи значењето на зајакнувањето на односите, не само за двете земји, туку и за поширокиот туркиски свет. „Постои голема волја од нашите лидери за институционализирање на соработката и нејзино унапредување“, рече Фидан, повикувајќи на засилена соработка за справување со современите предизвици.

Разговорите уследија по третиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво Туркије – Узбекистан, одржан во Анкара во јуни, кој Фидан го нарече „историска пресвртница“.

Тој истакна дека средбата резултирала со важни одлуки за унапредување на билатералните односи.

– Туркије и Узбекистан потпишаа „Мапа на патот“ за соработка

Фидан, заедно со турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, и челникот на Турската разузнавачка агенција (МИТ), Ибрахим Калин, се состанаа со своите колеги во главниот град на Узбекистан.

За време на трилатералната средба потпишан е и договорот, „Мапата на патот“, со кој се означува значаен чекор кон институционализација на соработката меѓу двете држави, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Турскиот министер за внатрешни работи, Јерликаја, се сретна со неговиот узбекистански колега Пулат Бобојонов и разговараше за унапредување на односите меѓу двете министерства, со фокус на борбата против тероризмот, управувањето со миграциите и соработката меѓу агенциите за спроведување на законот.

„Нашата работа и соработката со нашата сестринска земја Узбекистан ќе продолжи да расте“, порача Јерликаја, истакнувајќи ја посветеноста на Туркије за зајакнување на односите.




AA

Read Previous

Министерот Дурмиши на средба со јапонскиот амбасадор

Read Next

Радев пред средбата со Силјановска-Давкова: Очекуваме Република Северна Македонија да ги исполни сите обврски што ги има прифатено пред нас, пред ЕУ и сите партнери