ноември 22, 2024

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024

Важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

МВР денеска ги повика сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

– Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви, соопштија од МВР.





ZOOM

Read Previous

Туркије го осуди израелскиот напад врз шаторите на раселените Палестинци во Кан Јунис

Read Next

СДСМ против законот за локална самоуправа: Им се одзема правото на граѓаните, но и се врши манипулација врз волјата