ноември 24, 2024

СДСМ против законот за локална самоуправа: Им се одзема правото на граѓаните, но и се врши манипулација врз волјата

Оливер Спасовски од СДСМ истакна дека партијата го искажала својот став за измена на законот за локална самоуправа, а тоа е дека тие се против ова законско решение.

„Сметаме дека носењето на вакво законско решение во кое без одлука на граѓаните ќе можеме да вршиме промена на градоначалници во одредени општини, на тој начин се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Исправно е да кажеме јасно и гласно дека ваков закон не може да добие поддршка. Кога станува збор за изборите, последниот збор мора да го има граѓанинот. Ќе се соочиме со состојба кога по одржувањето на избори повторно се создава пракса во која ќе може на некој од градоначалниците да му престане мандатот и потоа до крајот на мандатот да раководи друг“, вели Спасовски.




TV21

Read Previous

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024

Read Next

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата