ноември 22, 2024

Туркије го осуди израелскиот напад врз шаторите на раселените Палестинци во Кан Јунис

Турското МНР истакна дека геноцидната администрација на Бенјамин Нетанјаху додаде „ново злосторство на својата листа на воени злосторства“

Туркије денес го осуди израелскиот напад врз шаторите на цивилите во таканаречената „хуманитарна зона“ во градот Кан Јунис, јужна Газа, во кој загинаа десетици Палестинци, јавува Анадолу.

„Го осудуваме израелскиот масакр на десетици Палестинци во нападот врз шаторите на цивилите во таканаречената ‘хуманитарна зона’ во Кан Јунис“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Се истакнува дека геноцидната администрација на Бенјамин Нетанјаху додаде „ново злосторство на својата листа на воени злосторства“.

„Оние кои ги вршат овие злосторства ќе одговараат пред меѓународното право“, се наведува во соопштението.

Се повторува поддршката на Туркије за палестинскиот народ „во нивниот марш за правда и слобода“.

Во израелските воздушни напади рано утрово врз шаторскиот камп во Кан Јунис, Ал-Маваси, кој Израел го означи како „хуманитарна зона“ за раселените цивили во Газа, убиени се најмалку 40 лица, а десетици се повредени.

Палестинската цивилна одбрана соопшти дека израелските проектили оставиле кратери длабоки до девет метри.





AA

Read Previous

Јаневска и Митески им доделија таблет уреди на четвртоодделенците во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

Read Next

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024