ноември 24, 2024

Драма на лет од Грција до Лондон, силни турбуленции, има повредени

Две лица се повредени на летот од Грција до Лондон, откако силните турбуленции ги принудиле пилотите да слетаат принудно.

На летот имало 181 патник, а од Крф полетал околу 12:44 часот.

Набргу по полетувањето, по големи турбуленции, авионот принудно слета на аеродромот „Фиумичино“ во Рим.

Како што пишува „Мирор“, двајца членови на екипажот се повредени додека се подготвувале да ја послужат храната.

Портпаролот на EasyJet рече: „На летот на 19 август имаше турбуленции. За жал, двајца членови на кабинскиот екипаж беа повредени. Како резултат на тоа, пилотот одлучи да го пренасочи летот во Рим, каде што стјуардесите добија медицинска помош“.




TV21

Read Previous

Ужас во БИХ: Пукање во училиште, тројца мртви

Read Next

ДУИ: ЗЕЛС се злоупотребува од политички цели