„Демократската Унија за Интеграција ги следи последните случувања во Заедницата на единиците на локалната самоуправа од формирањето на новата Влада и забележува дека оваа заедница почнала политички да се злоупотребува од моноетничката власт и без легитимитет и наместо афирмирање на барањата на општините и граѓаните, без поделби; се забележува централизација и амбиции за преземање на надлежностите од опозициските општини.
Неприфатлива е тенденцијата да се централизираат работите и да се злоупотреби ЗЕЛС за да се заобиколат градоначалниците на општините од редовите на Европскиот фронт.
По непочитување на легитимитетот на централно ниво во случајот со формирањето на извршната власт, сега Владата на ВМРО-ВЛЕН почна да ја злоупотребува работата на ЗЕЛС во сите форми. Ова непочитување на градоначалниците на општините од редовите на албанската опозиција има тенденција да ја уништи политичката волја и албанските партии дури и на локално ниво.
Затоа, и во ДУИ се доставени сериозни иницијативи од страна на градоначалниците на општините предводени од албанската опозиција за да го разгледат ставот за учеството на градоначалниците во Заедница на единиците на локална самоуправа, тело каде се координират активностите за работата на општините“, се вели во соопштението на ДУИ.
ZOOM