Масакр во средно училиште во Сански Мост во БИХ. Полицијата потврди дека во нападот се убиени директорот на училиштето, секретарот и еден наставник.
Како што пренесува „Дневни аваз“, напаѓачот е чуварот на училиштето кој со автоматска пушка пукал во трите жртви, кои им подлегнале на повредите.
„Пукањето се случило во 10:15 часот. Неидентификувано лице со огнено оружје уби тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да си пресуди и се здобил со тешки физички повреди.“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на Унско-санската жупанија.
Некои медиуми пренесоа дека напаѓачот влегол на состанок помеѓу професорите и директорот и отворил оган. Неофицијално се дознава дека мотивот е поради тоа што чуварот бил суспендиран од работното место.
TV21