Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска имаше состанок со сите скопски градоначалници, и кажа дека донеле одлука да достават предлог до премиерот Мицкоски за одземање на ингеренциите на Град Скопје за Комунална хигиена и Паркови и зеленило.
„Имавме состанок со сите скопски градоначалници, и заеднички заклучок е дека секаде преовладуваат нефукционалноста на сите јавни претпријатија, и заклучок беше да доставиме предлог до премиерот и до министерот за животна средина, за најалрмантните две точки и да ги одзеде ингеренциите за Комунална хигиена и на Паркови и зеленило од Град Скопје, и да назначине владин повереник во двете јавни претпријатија, и да почнеме со процес на расформирање, и предавање на ингеренциите на сите скопски општини. Како ќе си ги обавуваме обврските и задачите, со дополнителни зголемување на надлежностите на две препријатија, ќе дадеме двојно подобра услуга од она кое го имаме. Во моментов на 50 степени нема општина, нема населено место каде контејнерите не се преполнети со ѓубре, нема паркови каде што младите може да се рекреираат, а да не се обраснати со храна. Затоа сметаме дека најалармантната состојба е поврзана со функционалноста на паркови и зеленило“, рече Ѓорѓиевски.
TV21