Американската државјанка Трејси Шенон Ли, која четврта година има престој во Бар, Црна Гора, денеска пријавила дека нејзината малолетна ќерка Зинлеа Рајан била киднапирана од страна на нејзиниот татко Томас Холенбек.
Според зборовите на Шенон, Холенбек е нејзин вонбрачен сопруг. Таа наведе дека се сомнева оти нејзиниот сопруг со ќерката заминал илегално преку Црна Гора во Албанија.
Лин е информирана преку Амабасадата во САД во Црна Гора, дека од американската амбасада во Тирана нејзиниот сопруг побарал пасош за своето дете. За ова е известен и Интерпол.
TV21