ноември 21, 2024

Јувентус го продаде Секулов во Сампдорија

Никола Секулов, поранешен младински репрезентативец на Македонија кариерата ќе ја продолжи во Сампдорија. Секулов со Сампдорија ќе потпише договор со 2028 година. Јувентус од трансферот ќе заработи 2.000.000 евра.

Секулов кој има потекло од Струмица, неколку години беше во младинските категории на Јувентус, минатата сезона ја мина на позајмица во Кремонезе.

Во минатото Секулов беше дел од У-17 селекцијата на Македонија, откако имал несогласувања со селекторот и луѓе од Федерацијата, реши да настапува за Италија.

TOPSPORT

Read Previous

Николовски: На средба со АХВ инициравме ветеринарните инспектори и цариниците да ги усогласат смените за да биде побрз протокот на стоки

Read Next

Претседателот на Владата, Мицкоски оствари средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД