October 3, 2026

Само 26% од 15-годишниците го достигнуваат основното ниво на читање со разбирање

Координаторот на СДСМ во третата изборна единица, Ацо Велковски, реагира на резултатите од најновото истражување PISA 2025, според кои, како што наведува, само 26% од 15-годишниците го достигнуваат основното ниво на читање со разбирање.

„Додека вие со години се карате кој е виновен, кој украл повеќе и кој ја ограбил државата, нашите деца остануваат без знаење“, наведува Велковски.

Според него, 74% од 15-годишниците не го достигнуваат основното ниво на читање со разбирање.

Во математиката, 32% го достигнуваат основното ниво, додека во природните науки тоа го достигнуваат 36%.

Велковски наведува дека просекот во земјите од ОЕЦД за читање е 69%.

„Ова се наши деца. Додека се натпреварувате кој кого ќе обвини, кој ќе направи поголем скандал и кој ќе излезе на телевизија, неколку генерации плаќаат за нефункционалното образование“, вели тој.

Тој упатува порака до министерката за образование и до пратениците во Собранието, оценувајќи дека образованието во државата се соочува со сериозни проблеми.

„26% не е бројка за криење. 26% е аларм за цела Македонија“, наведува Велковски.

Во реакцијата тој посочува и на, како што наведува, „35 години политички претстави и игри, партиски вработувања, тендери и борба за интереси“, додека образованието и државата, според него, „тонат“.

Read Previous

Од Рекорд до Аеродром и Хром – голем дел од сообраќајниците утре ќе бидат затворени за сообраќај