ноември 22, 2024

Владата најави дека ќе ја разреши спорната ревизорка за европските фондови Афрона Вервизоли

Откако Европската унија најави дека ќе испитува дали главната ревизорка на ИПА фондовите Афрона Вервизоли има лиценца за ревизор, Владата најавува дека ќе ја разреши ревизорката.

Воедно, велат од Владата, потребно е вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите кои беа присутни во изминатиов период, а за кои постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра.

„Пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваме како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби. Одговорност ќе има“, велат од Владата.

Вервизоли била предлог на Коалицијата „Вреди“, а засега не е објавена нејзината биографија. Таа е дипломирана економистка, а претходно работела во банка.

TV21

Read Previous

Авионот на Трамп имаше итно слетување, еве која е причината

Read Next

Ова се новите цени на горивата, има намалување