Горивата од вечерва на полноќ ќе се продаваат по нови цени. Така цената на ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава за 80,5 денари за литар.
Цената на ЕУРОСУПЕР 98 останува непроменета, односно 83 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари, и од утре ќе изнесува 72,5 денари.
Цената на екстралесното масло за домаќинство се намалува за 0,5 денари и ќе изнесува 71 денар. Цената на мазутот од утре ќе биде 44,1 денари за килограм, што е намалување за 0,3 денари.
TV21