Поранешниот претседател на САД и сегашен кандидат за претседател на републиканците Доналд Трамп, имаше непријатност при патувањето со авионот.
Леталото во кое беше Трамп, итно било пренасочено и непланирано слетало во Билинг, Монтана. Според аеродромот, авионот слетал таму поради механички проблем.
Трамп потоа се качил на приватен авион и одлетал во Бозман, каде доцна синоќа одржа митинг.
Приватниот авион летал до аеродромот во Вест Јелоустоун и слетал околу 16:00 часот локално време.
Митингот на Трамп се одржи во објект во кампусот на Универзитетот на државата Монтана во Бозман.
TV21