септември 19, 2024

Засилени безбедносни мерки во Република Српска поради пукањето кај Лозница

Полицијата на Република Српска ги засили безбедносните мерки во граничниот појас кон Србија по престрелката во која загина српскиот граничен полицаец Никола Крсмановиќ, а Вјекослав Илиќ беше тешко ранет.

Престрелката се случила во полициската станица во градот Липнички Шор, кај Лозница, кога двајца гранични полицајци запреле возило со турски регистарски таблички чии сопатници, двајца мажи, биле сомнителни. Се било во ред додека полицајците не побарале од едно од лицата да ја отвори торбата, при што тој извадил пиштол и пукал кон полицајците.

Полицаецот Никола Ксмановиќ бил застрелан во градниот кош и од здобиените повреди починал во болница, а неговиот колега Вјекослав Илиќ бил тешко ранет и бил примен во Општата болница во Лозница.

На местото на настанот се пронајдени документи на име на Артан Хајризи и постои сомневање дека тој е лицето кое пукало во полицајците.

Се претпоставува дека Хајризи, Албанец од Косово, се обидел илегално да ја помине границата и не се знае дали успеал да ја помине Дрина. Поради престрелката во која загина еден српски полицаец, зголемени се безбедносните мерки и во Шемберија во Република Српска.

„Полицајците се вооружени со долги цевки и се во процес на проверка на зградите покрај Дрина каде што е можно да се сокрие осомничениот, иако засега нема информации дека ја преминал границата“, изјави извор од Република Српска за порталот Нова.рс.

Read Previous

Над двесте илјади луѓе во Газа се раселени во изминатата недела поради израелската наредба за евакуација

Read Next

МНР на Косово апелира на претпазливост или избегнување движење низ Србија