септември 7, 2024

Шумски пожар во Грција во близина на граничниот премин Богородица

Шумски пожар избувна во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.

Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата.

Read Previous

Заробените од огнот на планината Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Read Next

Муцунски се сретна со амбасадорот на Турција и со претставникот на УНХЦР во земјава