ноември 22, 2024

Водата во Скопје e безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 42 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 1-ви до 5 јули зема 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Овие информации од јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

ZOOM

Read Previous

Валбон Лимани избран за В.Д. градоначалник на Гостивар

Read Next

Зеленски во посета на Полска