мај 19, 2024

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска

Одделението за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија денеска регистрираше умерен земјотрес во 5 часот и 38 минути, со епицентар на 32 километри западно од Чазин во Хрватска.

Јачината на земјотресот во хипоцентарот (фокалната точка) била 4,7 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет од VI степени на Меркалиевата скала (MCS).

Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот на овој земјотрес бил лоциран на длабочина од 10 километри, соопшти Одделението за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија.

Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можел да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје

Read Previous

Путин положи заклетва за новиот претседателски мандат

Read Next

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино