ноември 23, 2024

Украина: Во руските напади во Одеса и Харков загинаа седум лица, а повеќе од десет луѓе беа ранети

– Во рускиот напад врз украинскиот пристанишен град Одеса, според последните информации, загинале пет лица, а повеќе од десетина се повредени.

Во рускиот напад врз украинскиот пристанишен град Одеса, според последните информации, загинале пет лица, а повеќе од десетина се повредени, јавува Анадолу.

Денес и вториот по големина украински град Харков беше цел на руски напади, при што загинаа две лица.

Најмалку пет лица загинаа, а 32 се повредени во руски ракетен напад врз образовна институција во популарен парк во Одеса.

Регионалниот гувернер Олег Кипер на социјалната мрежа Телеграм објави дека покрај загинатите во нападот, уште еден маж починал од мозочен удар, што може да се припише на нападот.

Кипер изјави и дека осум лица се повредени, меѓу кои и едно четиригодишно дете што е во тешка состојба. Меѓу ранетите има уште едно дете и една трудница.

Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук во објава на воениот канал Телеграм изјави дека нападот го извршила балистичка ракета Искандер-М со касетна боева глава.

Денес во регионот е прогласен ден на жалост.

Руски проектили, исто така, во нападот во Одеса погодија и оштетија зграда позната како „Замокот на Хари Потер“ поради сличноста со зградата од филмот на познатиот волшебник.

Зградата што ја зафати пожар е резиденцијата на поранешниот претставник Серхиј Кивалов, кој беше ранет во нападот.

Во неа се наоѓа правната академија на чело со Кивалов.

Во денешното гранатирање на Харков во североисточна Украина, кој безмилосно е нападнат од руските сили, загинаа две лица, а шест се ранети, соопшти регионалниот гувернер Олег Сињегубов.

Тој рече дека Русија го нападнала Харков со наведувани бомби.

Ситуацијата значително се влоши со руското бомбардирање на Харков, кој се наоѓа во близина на руската граница.

На ова во денешното соопштение укажа хуманитарната организација Меѓународен комитет за спасување (МКС).

Како што беше наведено, неодамнешните напади предизвикаа голема штета врз цивилната инфраструктура и значително го зголемија бројот на жртви меѓу локалното население.

Градот се соочува со прекини на струја, прекини во водоснабдувањето и греењето и застој на јавниот превоз

Read Previous

Европски фронт: Први го најавивме митингот во Тетово, албанската опозиција да ја разгледа одлуката и да избере друг ден

Read Next

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“