мај 2, 2024

Две млади момчиња и еден повозрасен маж тешко повредени во сообраќајка

Двајца млади мажи и еден повозрасен се повредни во сообраќјка што се случила во тетовско. 

На 05.04.2024 во 13.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Тетово-Скопје со локален пат за село Требош се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву тико“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Џ.(63) од село Сараќино, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(22) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, С.К.(20) од село Порој, тетовско, додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна едипа од СВР Тетово. 

Read Previous

Дрога пронајдена кај малолетник од Битола

Read Next

Денеска фотографирање без закажан термин за граѓани кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ