мај 5, 2024

„Агенција Анадолу е гласот на угнетените ширум светот“

Верувам дека Анадолу, една од најпрестижните институции во нашата земја, ќе продолжи да биде пионер во овој сектор, порача Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган во честитката по повод 104. годишнината од работата ан Агенција Анадолу.

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ја честиташе годишнината од основањето на агенција Анадолу, порачувајќи дека таа ја исполнува важната должност на ова поле како глас на угнетените ширум светот.

Претседателот Ердоган упати честитка до претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Сердар Караѓоз по повод 104. годишнината од основањето на Анадолу.

Истакнувајќи дека АА била сведок на воспоставувањето ан Републиката и растот на земјата, Ердоган во честитката вели:

„Анадолу стана адреса на принципиелно и доверливо новинарство, исполнувајќи ја својата должност точно и потполно го информира нашиот народ и светската јавност, Исполнува важна должност на ова поле како глас на угнетените ширум светот. Агенција Анадолу, како школа на објективно и точно новинарство кое забрзано ги имплементира медиумските технологии на нашето време кое без прекин се развива и менува, успешно ја следи оваа мисија од денот на своето основање. Верувам дека Анадолу, една од најпрестижните институции во нашата земја, ќе продолжи да биде пионер во овој сектор.“

Ердоган додаде дека со благодарност се сеќаваат на оние кои го дале својот придонес во формирањето на Анадолу, особено Мустафа Кемал Ататурк, и ѝ посакува понатамошен успех на оваа институција, како и на сите нејзини вработени.

Read Previous

ВИДЕО: Изгаснат пожарот во Скопје, четири возила целосно опожарени!

Read Next

Вучиќ ќе биде носител на листата на власта за изборите во Белград